20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерката за стимулирање вработувања социјалци пред пратениците

Мерката за стимулирање вработувања социјалци пред пратениците

sobranie558

Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 84-та седница на која ќе се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.

На дневниот ред се и дополнетиот предлог – закон за административни службеници, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во АРМ, по скратена постапка, дополнетиот предлог на закон за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, во второ читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка.

Се очекува пратениците меѓу другото да дискутираат и по дополнетиот предлог на закон за користење на податоците од јавниот сектор, во второ читање, како и по Предлог-законот за електронските комуникации, во прво читање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП