28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Богданци на продажба земјиште за повеќе деловни намени

Во Богданци на продажба земјиште за повеќе деловни намени

bogdanciopshtina1

Општина Богданци објави оглас за продажба на 13.500 метри квадратни градежно неизградено државно земјиште, по пат на електронско јавно наддавање.

Двете парцели, што се предмет на продажба, се наоѓаат вон населеното место и според урбанистичкиот план се наменети за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, за производство и дистрибуција, стоваришта и магацини, како и за изградба на големи трговски единици со максимална височина до 15 метри.

Почетната цена на градежните парцели изнесува 61 денар за метар квадратен, а на електронската продажба може да учествуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои најдоцна до 3-ти март ќе ги достават своите понуди на адреса на локалната самоуправа во Богданци.

Електронското јавно наддавање, во времетраење од 30 минути, ќе се одржи на 7 март со почеток во 10 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП