20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски фармери на земјоделски саем во Солун

Македонски фармери на земјоделски саем во Солун

Agrotica_2

Сто и педесет македонски земјоделци во организација на Федерацијата на фармери на Република Македонија денеска присуствуваат на Саемот за земјоделство АГРОТИКА во Солун, Грција.

На саемот ќе биде презентирана земјоделска механизација, нови технологии, заштита, семе и саден материјал.

Целта на посетата, како што соопшти Федерацијата на фармери, е да се поттикне зедничкото планирање и донесување одлуки за усвојување и примена на нови земјоделски техники и технологии, што ќе доведе до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите.

Саемот АГРОТИКА, кој завршува утре, е една од најпосетуваните саемски манифестации во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП