25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој го подобрува процесот на варење, но и ве разубавува

Напиток кој го подобрува процесот на варење, но и ве разубавува

napitokzdrav669

Нашата чинија е клуч за убавото и здраво тело, мазната кожа и блескавата коса. Овој пат зборувајќи за тоа не мислиме на калориите со кои е исполнета таа, туку на намирниците кои ќе го одржат вашето здравје а воедно и го забрзаат и обноват процесот на варење на храната.

Ви предложуваме напиток кој ќе го освежи вашето тело, воедно тој содржи здрави хранливи вредности, но и неговиот вкус пријатно ќе ве изненади.

Поздравиот и помлад изглед е поврзан со доброто варење на храната, нека не ве чуди ова, нутриционистите советуваат дека кога ќе ја ослободите енергијата која е заробена во вашето тело, ќе заблескате одвнатре но тоа ќе биде видливо и однадвор. Овој напиток е наречен нутриционистичка бомба, тој е исполнет со витамини, минерали и аминокиселини и можете да го конзумирате за време на појадокот но и како меѓуоброк.

Ова се состојките кои ви се потребни:

– 300 мл вода

– 1 средна главица зелена салата

– 3 до 4 парчиња целер

– 20 до 30 грама спанаќ

– 1 јаболка

– 1 крушка

– 1 банана

По желба можете да додадете и…

– свеж коријандер или

– магдонос

Уживајте во напитокот и одржувајте го вашето здравје и убавина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП