25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo оствари добивка од 793 милиони круни

Volvo оствари добивка од 793 милиони круни

volvo1

Шведскиот производител на камиони „Volvo“, објави дека неговиот приход за четвртиот квартал е намален за 17 проценти, поради намалената побрувачка на клучните пазари.

Нето добивката во последнитe три месеци од 2012 година изнесуваше 793 милиони шведски круни, односно 125 милиони долари, во однос на 4,72 милијарди круни, колку што изнесуваше во истиот период претходната година.

Приходите се намалени на 71,8 милијарди круни, од 86,5 милијарди круни во претходната година.

Европската должничка криза ја потисна побарувачката, особено во Јужна Европа, каде што нарачките на „Renault Truck“, кој е во сопственост на „Volvo“ се намалија за 18 проценти.

Во Северна Америка нарачките се намалени за 21 процент, бидејќи клиентите ги одложија купувањата поради слабиот раст на вработувањето и загриженоста поврзана со фискалната криза, објавува „Volvo“.

Тие ја потврдија прогнозата дека во 2013 година пазарот на тешки камиони ќе достигне околу 250.000 возила во Северна Америка и 230.000 во Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП