25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија очекува да потпише договор со Катар за дистрибуција на гас

Бугарија очекува да потпише договор со Катар за дистрибуција на гас

bugarijakatar1

– Бугарија очекува да потпише спогодба со Катар за доставување на природен гас, а истовремено бара катарски инвестиции за проектот за изградба на терминал за гас во Грција, кој ќе придонесе за диверзификација на изворите на „синото гориво“ за повеќето балкански земји, јави БТА.

– Ја разгледавме оваа тема со Катар и задоволни сме од резултатите на разговорите со раководството на земјата, изјави бугарскиот министер за економија и енергетика, Драгомир Стојнев во интервју за весникот „Голф тајмс“.

Тој нагласи дека единствениот доставувач на гас за Бугарија во моментов е Русија, која енергенсот го транспортира преку гасоводи.

– Доколку Катар инвестира во терминалот, нашата земја ќе има поширок пазар, со што повеќето балкански земји, како Србија, Македонија, Косово и Албанија ќе користат катарски гас, нагласи Стојнев.

Министерот појасни дека Грција е избрана за овој проект, бидејќи е невозможно таква инсталација да биде изградена на Црното Море, со оглед на тоа дека ќе влијае врз движењето на бродовите преку Босфорот.

– Доколку Катар инвестира во овој проект, ќе може да влезе на пазарот за гас во југоисточниот европски регион, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП