16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста го победи Оланд

Невработеноста го победи Оланд

oland1nevrabotenosta

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд призна дека владата не успеала да ја намали невработеноста во текот на 2013 година, а ова го потврди и статистиката за месец декември.

„Не успеавме во 2013 година да ја намалиме невработеноста“, изјави шефот на државата.

Оланд вети дека ќе го стопира трендот на раст на невработеноста до крајот на 2013 година.

„Но, невработеноста од 2008 до 2012 беше зголемена за еден милион и продолжи да се зголемува и во 2013 година, за повеќе од 170.000. Тоа е многу“, изјави тој.

„На крајот на годината таа бројка се стабилизираше, но не успеавме во 2013 година да ја намалиме невработеноста, туку само да го забавиме нејзиниот раст“, призна шефот на државата.

„Воведовме неопходи средства за субвенционирање на вработувањето, за посебни договори за вработување на младите, за идните вработувања и за обуките“, наведе Оланд и потенцираше дека невработеноста може да се намали во наредните месеци ако постои економски раст.

„Мора да бидеме поконкурентни, да се определиме за иновација, за нова технологија и за истражување“, нагласи тој.

„Невработеноста ќе ја потиснеме само ако се мобилизираме сите, и токму затоа на компаниите и социјалните партнери им понудив да склопиме Пакт за одговорност“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП