25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали рејтингот на Украина

S&P го намали рејтингот на Украина

P

Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s – S&P“ го намали кредитниот рејтинг на Украина за еден степен.

Оваа одлука е последица на политичката нестабилност предизвикана со протестите, наведува „S&P“.

„Намалувањето на кредитниот рејтинг на Украина од „B-“ на „C+“ е последица на политичката нестабилност во таа земја, која значително ескалираше“ се наведува во соопштението на рејтинг агенцијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Политичката криза во Украина трае нешто повеќе од два месеци, а вчера парламентот ги укина спорните закони на кои инсистираа демонстрантите, а премиерот на оваа земја поднесе оставка.

До ескалација во Украина дојде откако претседателот Јанукович во ноември минатата година донесе одлука да не се потпише Договорот за асоцијација со ЕУ и да се сврти кон Русија, која во меѓувреме за оваа земја обезбеди финансиска помош од 15 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП