19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на британската економија

Раст на британската економија

velikab1

Британската економија во последниот квартал од 2013 година порасна за 0,7 проценти во однос на претходниот квартал, соопшти британската статистичка служба.

Иако растот е малку забавен во однос на 0,8 проценти во третиот квартал, резултатите на британската економија на крајот на годината ги исполнија очекувањата на аналитичарите, но и придонесоа за силен напредок во 2013 година.

Канцеларијата за национална статистика денес соопшти дека објавените прелиминарни проценки покажуваат дека најголем придонес за растот имал секторот за услуги.

Во споредба со истиот период од 2012 година, во последниот квартал на 2013 година растот изнесува 2,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП