29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар планира да ги укине банкарските ограничувања во следните месеци

Кипар планира да ги укине банкарските ограничувања во следните месеци

kipar3

Кипарските власти во текот на следните месеци планираат да ги укинат ограничувањата во банкарскиот сектор, изјави шефот на државата Никос Анастасиадис за време посетата на Катар.

„Ограничувањата на движењето на капиталот во кипарскиот банкарски систем ќе бидат укинати во блиска иднина, за неколку месеци, а веќе сме сведоци на зголемен влог на капитал од странски државјани“, истакна Анастасиадис.

Тој додаде дека напорите на Кипар да го реструктуира банкарскиот систем и натаму продолжуваат, но како резултат на двете позитивни оценки добиени од „тројката“ кредитори, постојат планови за брзо време да бидат укинати повеќето ограничувања на банкарските трансакции и движењето на капиталот.

Кипар во март минатата година воведе мерки на штедње, кои вклучија и ограничувања за банките, со цел да добие финансиска помош од ЕУ, ММФ и ЕЦБ во вредност од 10 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП