28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која го спречува мамурлакот

Храна која го спречува мамурлакот

mamurluk1

Најдобар начин да се справитe со мамурлакот е да јадете соодветна храна. Не е добро да пиете на празен стоман, затоа еве која храна ќе ја спречи појавата на мамурлак.

1. Пуканки со путер

Пуканките, а особено оние со путер помагаат при апсорција на алкохолот кој ќе го испиете. Можете да ги изедете пред да излезете или заедно со пијалокот.

2. Кисели краставички

Алкохолот предизвикува дехидрација. Наместо да пиете солен пијалок наредното утро за да се решите од мамурлакот, пред излегување јадете кисели краставички за да ја спречите појавата на мамурлак. Киселите краставички во себе имаат доволно вода и сол да го исполнат вашето тело со електролити.

3. Бадеми

Грицкајте бадеми пред излегување или непосредно по излегувањето со цел да ја спречите појавата на мамурлакот.

4. Хумус

Алкохолот ја намалува содржината на витамин Б во вашето тело, а хумусот е храна богата со витамин Б која ќе ви помогне со мамурлакот.

5.Јајца

Јајцата се одлична превенција за мамурлакот. Јадете ги пред да започнете со пиење алкохол.

6. Млеко и колачи

Млекото и колачите ќе бидат пријатни за вашиот стомак, а воедно ќе ја спречат и појавата на мамурлак по бурната ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП