16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДебелината ќе ви ги „подари“ овие болести...

Дебелината ќе ви ги „подари“ овие болести…

debelinadeb12mko

Дебелината е хронична болест која се манифестира со претерано таложење на телесни масти и зголемување на телесната тежина. Секое зголемување на телесна тежина за 10 проценти или повеќе од идеалната телесна тежина се дефинира како прекумерно.

Дебелината не само што е естетски проблем, туку таа предизвикува и сериозни здравствени проблеми. Обидете се да ја спречите навреме, бидејќи таа ќе ви ги „подари“ следниве болести…

Висок крвен притисок

Постојат многу фактори кои се виновни за појавата на хипертензија, но главен збор имаат материите сместени во вишокот масно ткиво, што на крај резултира со зголемен крвен притисок. Кај лицата со вишок килограми, во повеќето случаи доаѓа до зголемено производство на инсулин, кој го зголемува крвниот притисок.

Карционом

Според податоците од 2010 година, само во САД биле дијагностицирани 62.000 нови случаи на карцином предизвикани од дебелината. Со други зборови, околу 3,9 проценти од вкупниот број на случаи се поврзани со дебелината.

Болести на срцето

Дебелината е поврзана со ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Прекумерната тежина секоја година предизвикува се поголем број на заболени, но и смртни случаи.

Зголемен холестерол, зголемено ниво на триглицериди

Оваа појава поврзана со дебелината се карактеризира со покачено ниво на триглицериди, но и намалено ниво на HDL холестеролот, како и неправилен состав на LDL холестеролот.

Мозочен удар

Вишокот на килограми е фатален и во овој случај, посебно кај жените на возраст помеѓу 35 и 54 години.

Дегенерација на коските и р’скавицата

Дебелината предизвикува остеоартритис во повеќето зглобови, посебно во колената. Кон оваа болест повеќе се склони жените – дебелите претставнички на понежниот пол имаат девет пати поголеми шанси за развој на оваа болест.

Проблеми со респираторниот систем

Дебелината може да предизвика и проблеми со дишењето. Во градите се јавува чувство на тежина, па на дебелите луѓе им е потешко да дишат кога одат, трчаат или носат некој товар.

Апнеа

Апнеата е пореметување на спиењето кое се карактеризира со абнормални паузи во дишењето кои може да траат од неколку секунди до неколку минути. Апнеата е директно поврзана со вишокот на килограми.

Дијабетес тип 2

Дебелината е еден од најчестите фактори на ризик за појава на дијабетес тип 2.

Болести на жолчката

Вишокот килограми претставува голем фактор на ризик за развој на камен во жолчката. Во таквите случаи, црниот дроб произведува прекумерни количини холестерол, кој потоа се испорачува во жолчката поради што таа станува презаситена. Докторите велат дека одредена храна, како заситените масти и рафинираните шеќери се примарен виновник за ова.

Откако ја прочитавте листата на болести која сериозно ви се заканува, дали ќе преземете нешто?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП