18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМожат ли луѓето да ја намирисаат болеста?

Можат ли луѓето да ја намирисаат болеста?

sick-woman-bed-horiz

Експерименти на шведски научници од Институтот Каролинск покажуваат дека луѓето можат да го откријат мирисот на токсини присутни во рана фаза на болеста.

Новата студија е поттикната од извештаите за специфични мириси кои ги придружуваат одредени болести, на пример мирисот на скапани јаболки или ацетон во здивот на лицата со дијабетес.

За да ја тестираат својата хипотеза, истражувачите ангажирале осум испитаници кои примиле инјекции на солен раствор или инјекции на липополисахарид (ЛПС), токсин кој може да активира реакција на имунолошкиот состав.

Кај испитаниците кои примиле ЛПС е забележано зголемување на телесната температура и зголемување на присутноста на цитокин, молекул клучен за делување на имунолошкиот состав.

Во следната фаза група од 40 лица е замолена да се обиде со сетилото за мирис да ја разликува испотената облека на испитаниците кои примиле инјекција на солен раствор, од испитаниците кои примиле инјекција на ЛПС.

Се покажало дека во голем дел од случаите е можно по мирис да се разликува облеката кај овие групи испитаници, пишува стручното списание „Psychological Science“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП