29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗабрзајте ја работата на метаболизмот со овие состојки

Забрзајте ја работата на метаболизмот со овие состојки

losos15klo

Постојат одредени намирници кои што ја забрзуваат работата на метаболизмот и согоруваат калории. Сакате да знаете кои е тие? Прочитајте во продолжение…

1. Млеко, житарици.

Тајни состојки: калциум, сложени јаглехидрати и влакна.

Сложените јаглехидрати и влакната ја забрзуваат работата на метаболизмот, затоа што по хранењето го одржуваат ниско нивото на инсулин. Тоа е добро, бидејќи високото ниво на инсулин му праќа сигнал на телото да започне да складира масни наслаги.

Калциумот во млекото исто така го забрзува метаболизмот. Истражувањето на Универзитетот во Тенеси, покажало дека луѓето кои држат диета и консумираат меѓу 1200 и 1300мг калциум на ден, губат скоро двојно повеќе тежина од тие кои што внесуваат помалку калциум.

2. Чили феферони.

Тајна состојка: капсаицин – супстанција во фефероните која им го дава лутиот вкус.

Лутите феферончиња го забрзуваат ритамот на срцето. Истражување направено кон крајот на 80-те години покажало дека јадењето на еден луто зачинет оброк ја забрзува работата на метаболизмот за 25 проценти. Поново истражување пак покажало дека мажите кои консумираат кафе и оброци кои содржат црвено луто феферонче, согоруваат скоро 1000 калории повеќе од нормалното.

3. Зелен чај, кафе.

Тајни состојки: кофеин и супстанцијата EGCG (Epigallocatechin Gallate), која се наоѓа во зелениот чај.

Кофеинот го забрзува срцевиот ритам, а колку побрзо чука вашето срце, толку повеќе калории согорувате. EGCG функционира слично. Оваа супстанција им помага на мозокот и нервниот систем да работат побрзо и со тоа вие согорувате повеќе калории. Истражувањата покажуваат дека комбинацијата на кофеин и 90мг EGCG, консумирана 3 пати дневно, помага да согорите дополнителни 30 калории и тоа додека мирувате.

4. Кревко и без маснотии свинско, пилешко, говедско и мисиркино месо.

Тајна состојка: протеини.

На телото му е потребна повеќе енергија да ги обработи протеините од месото, отколку што му е потребно за јаглехидратите и мастите. Тоа значи дека колку повеќе протеини консумирате, толку повеќе работи вашето тело, па така во тој процес вие трошите повеќе калории.

Истражување направено во Аризона, покажува дека луѓето кои држат диета богата со протеини согоруваат двојно повеќе калории неколку часа по хранењето, отколку луѓето кои држат диета богата со јаглехидрати.

5. Лосос, туна, сардина

Тајна состојка: омега-3 масни киселини.

Масните киселини омега 3 влијаат врз нивото на хормонот лептин во телото. Ниското ниво на лептин го забрзува метаболизмот и вие побрзо согорувате калории. Најдобриот начин да го намалите нивото на лептин е да јадете риба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП