18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни ќе потпише нов договор со Јунајтед за многу пари!?

Руни ќе потпише нов договор со Јунајтед за многу пари!?

Wayne Rooney

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед , Вејн Руни е на пат да потпише нов договор со клубот до 2018-та година со неделна плата од 300 илјади фунти, информира „Дејли Мирор“.

Англискиот репрезентативец е подготвен да го сврти грбот на интересот од страна на гигантите Челзи и Реал Мадрид и да ја врзе својата иднина со тимот од Манчестер, потпишувајќи нов договор.

Според „Дејли Мирор“ преговорите меѓу 28-годишниот играч и клубот почнаа овој месец, а фудбалерот бил искушуван од одличните финансиски услови кои му биле предложени.

Актуелниот догoвор на Руни, според кој тој заработува по 250 илјади фунти неделно, истекува за 18 месеци.

„Црвените ѓавoли“ се решени да ја задржат својата ѕвезда во составот и во минатото лето, откако отфрлија две понуди од Челзи за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП