29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто ја подобрува меморијата?

Што ја подобрува меморијата?

memorija215

Прехранбените продукти кои содржат Б, Ц, Д и Е витамини, како и омега-3 масни киселини, може да ја подобрат меморијата, покажуваат истражувањата.

Постарите луѓе со зголемено ниво на одредени витамини (Б, Ц, Д и Е) и омега-3 масни киселини во крвта имаат подобри ментални способности и меморија во споредба со оние кои конзумираат намирници со помала диететска вредност, велат резултатите од едно неодамнешно истражување.

Со истражувањето е покажано дека луѓето, чиј начин на исхрана бил богат со транс масни киселини, кои се наоѓаат во млечните и пржените производи, имале полоши резултати на тестирањето на знаењето, а и големината на нивните мозоци била помала.

Научниците дошле до овие резултати истражувајќи група од 104 луѓе со просечна старост од 87 години кои генерално гледано имале здрав начин на исхрана, но 7 проценти од нив имале недостаток на витаминот Б12, а 25 проценти на витаминот Д.

За време на истражувањето биле користени биомаркери за испитување на хранливите состојки во крвта, а на некои од учесниците им било направено и снимање на мозокот за да се измери неговиот обем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП