23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ја крева платата на Меси за да ја стигне онаа на...

Барса ја крева платата на Меси за да ја стигне онаа на Роналдо

messi_ronaldo_blog

Новиот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу наскоро ќе го обнови договорот на големата ѕвезда на тимот Лионел Меси.

Според написите на весникот „Марка“, Меси ќе добие значително зголемување на платата, се со цел да се израмни со онаа на неговиот голем конкурент Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.

Во моментов Португалецот зема по 18 милиони евра по сезона, плус уште три милиони во форма на различни премии.

Во моментов, Меси заработува по 13 милиони, а со сите бонуси таа може да порасне до максимум 16 милиони евра.

Новиот договор за Аргентинецот бил подготвен уште од Сандро Росел, пред да ја напушти функцијата како претседател на Барселона и од таткото на Меси, кој е негов менаџер.

Единствената причина поради која потписот на Меси се уште недостасува на договорот е дека се чека и договорот на Андрес Иниеста да биде обновен и само тогаш ќе каже финално „Да“.

Новите, подобри услови ќе имаат за цел и да го намалат евентуално незадоволство од страна на Лео Меси околу огромните суми, поврзани со трансферот на Неимар кои беа откриени во последните денови од Барса и медиумите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП