20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс на шопинг во Германија!

Мојс на шопинг во Германија!

mojs germanija

Менаџерот на Манчестер Јунајтед , Дејвид Мојс вчера вечерта беше на трибините во Минхенгладбах за да следи натпреварот меѓу локалниот Борусија и Баерн Минхен (0:2).

Присуството на Мојс се разбира не остана незабележано, а според одредени медиуми, тренерот „црвените ѓаволи“ бил таму со специјална задача, а тоа е да следи двајца играчи.

Во видното поле на Манчестер Јунајтед се Тони Крос и Данте.

Претходно во текот на неделата агентот на Данте откри дека Јунајтед има интерес кон неговиот клиент. Бразилецот во моментов преговара за нов договор со Баерн.

Преговорите меѓу „баварците“ и Крос за продолжување на неговиот договор сепак тапкаат во место што им дава надежи на Манчестер Јунајтед, дека може да го купат сега за пристапна цена.

Во јануари Дејвид Мојс веќе патуваше до Италија за да гледа полудефанзивецот на Јувентус, Клаудио Маркизио и дефанзивецот на Каљари, Давиде Асторија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП