28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо декември минатата година се зголемил бројот на издадени одобренија за градба

Во декември минатата година се зголемил бројот на издадени одобренија за градба

odobreniezagradba

Во декември лани се издадени 277 одобренија за градење, што е за 8,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од 2011 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.965.275.000 денари што е за 53,5 проценти повеќе во однос на декември 2011 година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 189  се наменети за објекти од високоградба, 36 за нискоградба, а 52 за реконструкција. Од вкупно 277 објекти, кај 201 (72,6 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 76 објекти (27,4 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 587 станови, со вкупна корисна површина од 48.503 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП