29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏон Тери си заминува од Стемфорд Бриџ!?

Џон Тери си заминува од Стемфорд Бриџ!?

jon teri celzi

Фановите на Челзи се соочува да загубат и вториот миленик во рамките на неколку месеци.

Прашање на време е избраниот играч број еден од страна приврзаниците во последните две години – Хуан Мата, да биде продаден на еден од главните ривали – Манчестер Јунајтед.

Сега сепак шпекулациите се дека Челзи ќе се раздели со најсимболичниот фудбалер за клубот, капитенот Џон Тери.

Оваа вест е малку изненадувачка во предвид фактот дека 33- годишниот дефанзивец е непроменлив стартер во составот на Жозе Мурињо. Само пред неколку дена, англиските медиуми пишуваа дека Португалецот има намера да ги задржи тројцата ветерани, Тери, Френк Лампард и Ешли Кол.

Сега пак весникот „Мирор“ пишува дека Тери не е задоволен од односот на клубот кон него. Тој сеуште не добил предлог за нов договор, а досегашниот му истекува на крајот на сезоната. Се претпоставува дека дури и да добие понуда, таа ќе е само за една година со намалена плата.

Извори блиски до Тери, откриле дека тој се помирил со фактот дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Стемфорд Бриџ, затоа што капитенот на „сините“ посакува тригодишен договор со кој до крајот на својата кариера ќе остане во клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП