24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat против Dacia

Fiat против Dacia

fiat

Италјанскиот произведувач на автомобили „Fiat“, размислува за лансирање на евтин автомобилски бренд со кој ќе се спротистави на романската „Dacia“, која е во сопственост на „Reno“.

Дирекцијата на компанијата со седиште во Торино, посочи дека во случај на одобрување на овој проект, производството на возила под таа марка мора да се одвива надвор од Европа поради намалување на трошоците, пренесува шпанскиот дневник „Exspansion“.

– Се прашуваме дали има место за еден евтин бренд во светот на „Fiat“, како што е „Dacia“, изјави Серџо Маркионе во разговорот за порталот „Automotive news“, наведувајќи дека компанијата не би можела да произведува возила во Европа, бидејќи нивната продажна цена би била 7.450 евра.

Покрај тоа, Маркионе изјави дека неговата компанија во овој момент го разгледува капацитетот за производство надвор од Европа.

„Fiat“ веќе пет години размислува за можноста да лансира нов бренд, но тој проект не успеал бидејќи лидерите на фирмата сметаат дека оваа иницијатива не е профитабилна.

Едно од имињата под кои може да се појави новиот бренд е „Innocent“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП