20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако избра замена за Фалкао

Монако избра замена за Фалкао

FC Zenit St. Petersburg v FC Alania Vladikavkaz - Russian Premier League

Тимот на Монако воспоставил во контакт со рускиот Зенит од Санкт Петербург во врска со можноста напаѓачот Хулк да пристигне во Кнежевството, соопштува весникот „L’Equipe “.

Според информациите, Монако е во потрага на заменик на Радамел Фалкао, кој заработи повреда на коленото и ќе биде во аут до крајот на сезоната. Според изданието, „кнезовите“ вчера се поврзале со Зенит и побарале да знаат под кои услови можат да го доведат Бразилецот во своите редови.

Сепак, проблем за реализација на трансферот за Монако е тоа дека во моментов тимот ја има исполнето квотата за играчи надвор од Европската унија и ќе треба да се ослободат од некого пред да потпишат со Хулк. Опција за тоа е разделба со резервниот голман Серхио Ромеро.

Друга можност за нападот на Монако е напаѓачот на Јувентус, Мирко Вучиниќ, откако пропадна договорот за размената со Фреди Гуарин од Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП