19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАмериканците го објавија списокот на кошаркари за СП и ОИ

Американците го објавија списокот на кошаркари за СП и ОИ

usa

Кошаркарската федерација на САД го објави поширокиот список на играчи кои ќе конкурираат за место во националниот состав за претстојното Светско првенство во Шпанија во септември, како и за следните Олимписки игри кои во 2014-година ќе се одржат во Рио Де Женеиро.

На листата од 28 кандидати ги нема двете најголеми ѕвезди во НБА лигата Коби Брајант и Леброн Џејмс.

Триесет и петгодишниот Коби Брајант најави повлекување од репрезентацијата поради големиот број повреди што го следат последните две сезони, додека Џејмс побарал да биде ослободен од обврските поради потребата од подолг одмор.

Така, актуелниот Светски и Олимписки шампион, и овој пат ќе биде предводен од досегашниот селектор Мајк Крижевски, кој на располагање треба да ги има следните кошаркари:

Кармело Ентони (Њујорк), Кевин Дурант (Оклахома), Крис Пол (Лос Анџелес Клиперс), Кевин Лав (Минесота), Џејмс Харден (Хјустон ), Расел Вестбрук (Оклахома), Дерон Вилијамс (Бруклин), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Тајсон Чендлер (Њујорк), Андре Игудала (Голден Стејт).
Играчите кои ќе ја зголемат конкуренцијата се:

Двајт Хауард (Хјустон), Блејк Грифин (Лос Анџелес Клиперс), Стивен Кари (Голден Стејт), Дерик Роуз (Чикаго), Ламаркус Олдрич (Портланд), Бил Бредли (Вашингтон), ДеМаркус Казнс (Сакраменто), Андре Драмонд (Детроит), Кенет Фарид (Денвер), Пол Џорџ (Индијана), Гордон Хејворд (Јута), Кајри Ирвинг (Кливленд), Кајл Корвер (Атланта) , Дејвид Ли (Голден Стејт), како и Ленард (Сан Антонио), Дамјан Лилард (Портланд) и Клеј Топсон (Голден Стејт).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП