25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУкраина го намали профитот на Газпром

Украина го намали профитот на Газпром

gazprom1df1

Нето профитот на гасниот гигант „Газпром“ потона во третиот квартал за 10,5 проценти.

Компанијата сепак, во првите девет месеци од 2013 година забележа раст благодарение на зголемената продажба во Европа.

Профитот на „Газпром“ во периодот јули-септември 2013 година изнесуваше 276,07 милијарди рубљи (6 милијарди евра), пренесува агенцијата Франс прес.

„Газпром“ не сакаше да го објасни овој пад на профитот, но аналитичарите сметаат дека тој е последица од намаленото купување на Украина, поранешната советска република која сакаше поблиски односи со Европа.

Со цел да се намали зависноста од Москва, Украина планираше во минатата година да го намали купувањето на гас од Русија на околу 30 милијарди кубни метри гас од 52 милијарди кубни метри гас во 2012 година.

Одделението на руската „Sberbank“ за истражување и инвестиции денес соопшти дека украинската државна енергетска компанија „практично престанала од август 2013 година да му плаќа на „Газпром“ за испораката“. Меѓутоа украинскиот претседател Виктор Јанукович во ноември наеднаш го промени својот став и потпиша пакет помош со Русија, со кој украинските трошоци за гас се скратени за една третина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП