25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРецепти за ублажување на кашлицата

Рецепти за ублажување на кашлицата

kaslica311

Имате проблем со грлото, тоа ве гребе и ве тера постојано да кашлате? Покрај лековите и пастилите за лижење, кашлицата можете да ја спречите и на природен начин со овие рецепти. Ви препорачуваме да ги направите со цел да си помогнете и да ја смирите кашлицата.

Јаболко со лук и мед

Ова е едноставен рецепт. Се земаат еднакви количини на лук, мед и јаболка, на пример по 100 грама. Јаболкото и лукот се рендаат, а потоа се додава медот. Смесата убаво се меша. Се консумираат 4-5 лажици во текот на денот или по потреба кога се јавуваат силни нагони за кашлање.

Ловоров лист против интензивна кашлица

Во половина литар вода додаваме 150 грама шеќер. Водата и шеќерот заедно се ставаат на оган се додека водата не почне да врие. Откако водата ќе почне да врие, додавате десет ловорови листови, а потоа се остава водата со шеќерот и ловоровите листови да врие уште 20 минути. Смесата се става во тегла, а се консумира по потреба, односно во периоди на интензивна кашлица.

Традиционален шербет „прегорен шеќер” против кашлица

Во мал сад на оган ставаме еден филџан шеќер. Шеќерот го мешаме и чекаме да се карамелизира, односно да се растопи и добие кафеава боја. Откако ќе се растопи додаваме уште два филџани вода, го намалуваме огнот и оставаме шеќерот потполно да се растопи. Овој рецепт се прави и се зема во периоди на интензивна кашлица, и се консумира исклучиво по потреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП