29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈадете овошје пред оброкот

Јадете овошје пред оброкот

fruir

Иако е познато дека конзумирањето овошје е здраво, многумина не знаат дека овошните плодови кога се јадат по оброкот предизвикуваат проблеми со варењето.

Се препорачува овошјето треба да се јаде 20-30 минути по оброкот. Главна причина за тоа е што плодовите содржат шеќер и поради тоа им треба доста време да се растворат и сварат.

Освен тоа, доколку јадете овошје по оброкот, ги губите хранливите состојки од овошјето.

Поради тоа секогаш се препорачува да јадете овошје неколку минути пред оброкот.

Во многу култури овошјето се јаде по оброкот, но тој тренд треба да се промени.

1. Јадете овошје 20 до 30 минути по оброкот. Ако сакате да јадете овошје по оброкот, тогаш почекајте три часа (откако ќе се свари храната). Доколку јадете овошје пред јадењето, можете да ја намалите вашата тежина, бидејќи ќе се чувствувате сити.

2. Бидејќи нашето тело не добива храна во текот на осум до девет часови сон, се препорачува да го вклучите овошјето секое утро во својата исхрана (пред појадок). Тоа помага да го зголемите нивото на шеќер во крвта.

3. Избегнувајте да јадете овошје како прилог со оброкот. Исто така конзумирање овошје како десерт не дава најдобри резултати за телото, бидејќи плодовите се сецкани и помешани со шеќер.

4. Избегнувајте конзервирано, смрзнато овошје, или овошје кое е обработено. Тие плодови имаат висока содржина на шеќер, конзерванси или други хемиски додатоци кои можат да бидат штетни за телото. Тие не се сметаат за здраво овошје.

5. Конзумирајте здрави плодови секое утро на празен желудник (пред појадок). Тоа му помага на телото да ги апсорбира сите потребни и битни елементи кои се наоѓаат во овошјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП