25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски компании земаа учество на „Fruit Logistica 2013“ во Берлин

Македонски компании земаа учество на „Fruit Logistica 2013“ во Берлин

fruitlogistic

Десет македонски компании од денес до петок учествуваат на водечката светска саемска манифестација за бизнис со свежо овошје и зеленчук „Фруит Логистика 2013“ во Берлин.

Нивните претставници ќе имаат можност да се сретнат со потенцијални купувачи, дистрибутери, консолидатори и продавачи на големо, како и да ги испитаат можностите за нови стратегиски партнерства и нови пазари.

Македонските водечки компании од индустријата за овошје и зеленчук, ќе имаат и можност да го зголемат знаењето за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста.

Престојот и учеството на „Фруит Логистика 2013“ го организира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП