25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали чувствувате голем замор во попладневните часови? Еве како да се освежите...

Дали чувствувате голем замор во попладневните часови? Еве како да се освежите…

chajchajdrink

Доколку сте од оние кои откако ќе се вратат од работа се чувствуваат „скршено“ и мораат да дремнат, а дремката им го нарушува ноќното спиење и наутро повторно сте како „претепани“, еве неколку совети како да се справите со попладневниот замор.

Излезете на кратка прошетка

Доволни се само 10 минути на свеж воздух за да ја смените состојбата во која сметате дека сте толку изморени што не можете да се мрднете од место. Ова ќе го ресетира организмот.

Протеини

За ручек или попладневна ужинка одберете протеини наместо јагленихидрати кои ќе ве заспијат. Салата од туна, јајца или пилешко се совршени за попладневно будење.

Попладневен чај

Доколку успеете да се навикнете на ритуал на попладневно пиење чај, теинот од чајот ќе ве разбуди како кафе, но и ќе ве опушти поради неговото терапевтско дејство.

Зборувајте

Јавете му се на некој близок и поразговарајте неколку минути. Доколку разговорот е забавен, ќе добиете дополнителна енергија и ќе заборавите на креветот.

Туширање

Од ладниот туш сигурно ќе живнете, па ќе може да издржите до крајот на денот со отворени очи и да ги завршите сите работи кои сте ги планирале, а на крајот ќе си легнете во пристојно време и наутро ќе бидете свежи и одморени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП