24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПијте млеко за полесно губење на килограмите

Пијте млеко за полесно губење на килограмите

mlekomleko22

Лицата со прекумерна тежина кои конзумираат големи количини на млеко и млечни производи полесно и побрзо губат килограми од оние кои го избегнуваат овој тип на производи, тврдат израелски научници.

Истражувачите од универзитетот Бен Гурион, според пишувањето на тамошните медиуми, во американскиот магазин „Клиничка исхрана“ ги објавиле резултатите на двeгодишното истражување во кое учествувале 300 испитаници со вишок во телесната тежина, на возраст меѓу 45 и 60 години.

Испитаниците доброволно се сложиле да бидат тестирани на различни диети, а резултатите покажале дека оние кои без оглед на диетата конзумирале повеќе млеко и млечни производи имале и најголемо губење на телесната тежина. Оние кои конзумирале околу 580 милиграми калциум на ден за време на испитувањето изгубиле 6 килограми, додека оние кои конзумирале само 10 милиграми калциум (половина чаша млеко) изгубиле само 3,5 килограми.

Истражувачите заклучуваат дека внесувањето на калциумот и витаминот Д, кои се наоѓаат во млекото и млечните производи, позитивно влијаат кон губењето на телесната тежина при редукциските диети.

Во истражувањето е утврдено дека дебелите луѓе имаа помало ниво на Витаминот Д во својата крв од оние со нормална тежина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП