29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБавното јадење ги намалува килограмите

Бавното јадење ги намалува килограмите

meals6789;lkooo

Ако јадете брзо, не само што го отежнувате варењето на храната туку и натрупувате непотребни килограми. Истражувањата покaжуваат дека луѓето кои јадат лакомо, почесто се прејадуваат во споредба со оние кои ги внесуваат оброците полека.

Научниците веруваат дека брзото јадење го прекинува лачењето на хормоните кои на мозокот му праќаат информација кога е желудникот полн. Ова сознание ги поткрепува веќе добро познатите совети дека храната треба да ја џвакаме 20-30 пати пред да ја голтнеме.

„Брзото јадење, јадењето на работното место, сето тоа допринесува за зголемување на ризикот од дебелеење. Нема сомнение дека ако јадеме побавно, а можеме тоа да го направиме без никаков проблем, имаме поголеми шанси да останеме со витка линија“, изјави професорот Стивен Блум од Империјал колеџот во Лондон кој го водеше ова истражување.

Тој советува да јадеме бавно, со цел нашиот организам да има време да му испрати сигнал на мозокот дека во нашиот желудник повеќе нема место за дополнителна храна, овој сигнал најчесто доцни, а ние во тој момент си мислиме дека сеуште сме гладни и се прејадуваме, па подоцна самите си велиме дека ни е тешко во стомакот, сето тоа е поради сигналот кој доцни.

Затоа научниците велат дека ако не можете да го примените бавното јадење,  и доколку сеуште брзо ги конзумирате оброците, да престанете во моментот кога јадењето ви е најслатко, а тоа отприлика е на половина порција од она што сте планирале да го изедете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП