18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОтстранете го стресот и нервозите!

Отстранете го стресот и нервозите!

Y

Да останете смирени и здрави во стресното динамично темпо на современо живеење понекогаш може да биде многу тешко. Но лутината, стресот и нервозите единствено ќе ги влошат работите. Научниците открија дека луѓето кои се бесни и често ги губат нервите имаат 19 проценти поголема веројатност за смрт од срцев удар, отколку оние кои ги држат емоциите под контрола.

Кај оние кои веќе имале разни срцеви проблеми ризикот од инфаркт расте за дополнителни 24 проценти. Британските научници додаваат дека поврзаноста на бесот и срцевиот удар е поизразена кај мажите отколку кај жените.

Истражувачот доктор Јоичи Чида од Универзитетот во Лондон вели дека ризикот е можеби поголем затоа што бесот и лутината влијаат на стилот на живеење, но и го зголемуваат нивото на хормонот кортизол кој се поврзува со високиот крвен притисок.

До овие резултати докторите дошле проучувајќи 25 научни студии кои се правени врз здрави луѓе и 18 студии кои испитувале пациенти со срцеви заболувања.

За да го сочувате вашето здравје отстранете го стресот и нервозите од вашето секојдневие и сконцентрирајте се на позитивните работи во животот, кои без разлика на се, се многубројни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП