24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе повеќе компании се осигуруваат против напади од хакери

Се повеќе компании се осигуруваат против напади од хакери

hakeri kompanii

Неодамнешното истекување на податоците на 70 милиони клиенти во САД на малопродажениот ланец „Таргер“, уште еднаш го стави прашањето за тоа како компаниите можат да ги намалат потенцијалните загуби од хакерски упади.

Сега само една третина од американските компании имаат осигурување од сајбер напади, а идниот развој на секторот стопиран од високите цени на полисите, забележуваат аналитичарите.

Во САД околу 31 процент од компаниите имаат осигурување од сајбер напади. Сепак, секторот активно се развива. Осигурителната компанија „AIG“ пресметала дека за минатата година продажбата на овие осигурувања се зголемила за 30 проценти. Во моментов во САД има околу 30 компании кои нудат осигурување од сајбер напади, а во Европа се под десет.

Вкупниот износ на премиите за осигурување во овој сектор изнесува 1,6 милијарди долари за минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП