24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои се најлошите шефови?

Кои се најлошите шефови?

losh1

Шефовите се неопходен елемент во животот на секој вработен, и средбата со нив може да причинува вистинско задоволство, но тоа е толку ретко, и за да се најде материјал за пишување за еден таков човек има многу малку или речиси ништо. Направен е список за четири вида на шефови, со кои може да се сретне работникот. Тие постојат за да го направат вашиот живот пекол, и на дневна основа да ве доведат до лудило. За да ја избегнете нервозата, и за да си ги заштедите нервите, обрнете внимание на текстот што следува.

 

Шеф робот

“Работа дома, дома работа” е мотото на вашиот шеф. Емоциите, емпатијата и забавата за него се непознати термини. Повеќето би сакале работната недела, да изгледа како концентрационен логор каде вработените би биле затворени, принудени да работат прекувремено и да бидат погубени за секоја “голема” грешка што ја направиле. Бидејќи работата и грешките никогаш не можат да бидат поврзани. Вие сте таму за да ја завршите својата работа перфектно, во спротивно сте потфрлиле.

Иако сте свесни дека вашиот шеф треба да ви биде авторитетна и мотивирачка фигура, понекогаш би сакале да покаже барем минимум позитивни емоции, дури и ако тоа е едно обично “благодарам”. За среќа, не се сите лоши како што изгледаат. Овој тип на човек ќе ве научи на дисциплина и ефикасност, кои во голема мера ќе придонесат за вашата понатамошната кариера.

Работете си ја својата работа, и фокусирајте се на вашите соработници. Сигурно вашите соработници го делат истото мислење, а заедничките шеги на сметка на шефот ќе ви помогнат да ви помине денот во посветло  расположение.

Шеф лажго

Празните ветувања му се како “добар ден”. Ви ветува едно, добивате друго, ако не и спротивно на ветеното. Ова е вид на шеф, кој ќе ви каже нешто за да ве натера да се повлечете од она што го сакате во моментот. Зголемување на платата и слободен викенд се само неколку од фразите со кои ве залажува, особено кога работите на проект што никој не сака да го преземе, или во случај на прекувремена работа. Не верувајте на лаги, затоа што е многу веројатно дека нема да ве платат за прекувремено работење.

Единствениот начин да се помирите со овој шеф, е да ги извршувате своите задачи без многу приговор, но на паузите побарајте нова работа.

Шеф змија

Се чини дека тој станува на левата нога секое утро, и наместо кафе ќе ве почести со утринска доза на отров. Несоодветни коментари на лична основа нему му се омилени. Иако знае дека не сте бремена, а во текот на празниците сте накачиле неколку килограми, тој нема да се двоуми да ви постави прашање, во кој месец сте бремена. Ќе се обиде на сите можни начини да ви го загорчи животот, користејќи ги своите мизерни саркастични коментари.

Обидете се да се оддалечите колку што е можно повеќе, и да го задржите вашиот приватен живот за себе. “Она што не знаеш, не може да боли” е златното правило за контакт со таква личност.

Шеф пријател

Тој не се откажува од идејата дека шефовите и вработените треба да бидат најдобри пријатели. Би ве однел сите после работа во кино или на пијачка, каде што има доволно време ви каже многу “интересни” анегдоти од својот годишен одмор од деведесетите. Тоа е речиси болно за гледање, како вашиот шеф се обидува да воспостави (премногу) блиски односи со своите вработени, со очајно лоши шеги.

Eдинствениот начин да го држиите подалеку од вас е изговорот: “Ви благодарам, но јас веќе имам нешто испланирано“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП