29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто да направите кога сте оштетени од банката

Што да направите кога сте оштетени од банката

Feel free to use this image just link to www.rentvine.com

Имате сметка во банка, сте земале кредит или имате заштеда и нешто тргнало наопаку. Сметате дека сте оштетени, но не знаете што да направите. Денар.мк ви обезбедува листа со чекори кои ќе ви помогнат да ги остварите своите права.

Првиот чекор во обидот за решавање на проблемите кои настанале во вашиот однос со некоја финансиска институција – банка, лизинг компанија, менувачница, осигурителна компанија или пензиски фонд треба да да биде директното обраќање кон службеното лице во таа институција.

Искуствата покажуваат дека голем дел од проблемите, кои настануваат во однос на граѓаните и финансиските институции, релативно едноставно се решаваат со директен контакт со овластеното лице на институцијата.

Доколку проблемот не биде решен на овој начин, вториот чекор е писменото обраќање до финансиската институција. Пишаниот приговор пратете го како препорачано писмо, со повратница на потврда како доказ за приемот на вашиот приговор и задолжително имајте копија од приговорот. По овој чекор, финансиската институција има обврска во рок од еден месец да ви достави писмен одговор. Приговорот не се наплатува, без разлика дали тој е основан или не.

Доколку одговорот не ви е доставен во овој рок или сте незадоволни со предложеното решение, можете да се обратите до Народната банка на Република Македонија, односно да упатите приговор за постапката на финансиската институција со која имате проблем.

Народна банка на Република Македонија во согласност со своите надлежности и овластувања ќе го разгледа вашиот приговор. Доколку се утврди повреда на законот, НБРМ изрекува мерка предвидена со законот. Доколку тоа не е случај, на барање на корисникот или банката се организира постапка за посредување – медијација, со која се обидува да се реши проблемот со разговор на трите страни – лицето кое се пожалило, финансиската институција за чија услуга е упатен приговор и Народната банка на Република Македонија. Се верува дека финансиската институција детално ќе ја разгледа вашата жалба, доколку во медијацијата учествува надзорен орган, а тоа во овој случај е НБРМ.

Ако дури ниту овоj чекор не ве доведе до решавање на пролемот на вас ви преостанува како крајна опција покренување на судска постапка против конкретната финансиска институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП