23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота за четири пати ја зголеми добивката

Тојота за четири пати ја зголеми добивката

tojota1

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота извести дека нето добивката за девет месеци заклучно со декември е зголемена за четири пати.

Овие резултати на водечкиот светски производител на возила, се поддржани од продажбата во Европа, САД и Азија, како и од слабеењето на јенот.

Тојота соопшти дека во периодот од април до декември остварила нето добивка од 648,2 милијарди јени, во однос на 162,5 милијарди јени колку што забележа во истиот период во претходната година, кога на производителите на автомобили големо влијание имаше катастрофалниот земјотрес и цунамито.

Приходите во споменатиот период преминаа 26 проценти, на 16,200 милијарди јени.

Добрите резултати се должат на слабеењето на јенот и намалувањето на трошоците. Тие, исто така, ја зголемија и прогнозата за оваа фискална година која завршува во март и сега очекуваат оперативен профит од 818,5 милијарди јени. Во претходната година тој изнесуваше 117,1 милијарди јени.

Зголемена е и прогнозата за нето добивката, на 860 милијарди јени, од претходно проценетите 780 милијарди јени, со очекувани приходи од 21,800 милијарди јени.

Компанијата е на добар пат во целата фискална година да достигне бројка од 8,85 милиони продадени возила, во споредба со претходно прогнозираните 8,75 милиони возила. За добрата продажба како причина е наведена поголемата побарувачка во Северна Америка.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП