19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Волво десеткратно намалена

Добивката на Волво десеткратно намалена

volvotruck

Шведскиот производител на камиони „Волво“, објави дека добивката пред оданочување му изнесува 660 милиони круни (околу 76 милиони евра) за четвртото тримесечје лани, јави дописникот на МИА.

Во истиот период во 2011 година, добивката на „Волво“ беше речиси десет пати поголема – 6.390 милиони круни.

На ниво на концернот, првото тримесечје годинава се очекува да мине со тешкотии, како резултат на намалувањето на нарачките на многу пазари.

На рентабилноста ќе влијае и ниската искористеност на капацитетите и високото ниво на трошоци за истражувања и развој, вклучувајќи ги и трошоците за лансирање на нови производи.

– Но, сепак очекуваме сукцесивно подобрување на условите на пазарот во текот на 2013 година, напоредно со зголемувањето на економскиот раст во глобални рамки, потенцира генералниот директор Улоф Персон во прес-соопштението што денеска го лиферува „Волво“ АД.

Генерално гледано, шведскиот гигант за производство на камиони и тешки товарни возила оценува дека ги има задржано пазарните позиции, и покрај присуството на извесни регионални варијации.

Во текот на последното тримесечје лани бројот на вработените во производството на „Волво“ АД беше намален за околу 2.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП