25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлкохолот повеќе им штети на жените отколку на мажите

Алкохолот повеќе им штети на жените отколку на мажите

women

Алкохолот доведува до поголеми оштетувања на мозокот кај жените отколку кај мажите, утврдија германски научници.

Со скенирање на мозокот откриени се нови докази дека жените се особено подложни на штетното делување на преголеми количини алкохол.

Организавијата „Алкохол концерн“, укажа на тоа дека тие наоди не се алармантни, со оглед на извештајот за се поголемите проблеми со пиењето кај жените во Велика Британија.

Германски научници извршиле КТ скенирање на мозокот кај 158 доброволци, вклучувајќи 76 мажи и жени алкохоличари и 82 здрави лица во контролната група.

Професорот Карл Ман од Универзитетот во Хајделберг, кој го водеше проектот, укажа на тоа дека неговиот тим успеал да утврди дека кај жените е покус периодот до стекнување зависност од алкохол, што значи
побрзо напредување на развојот на настаните кои доведуваат до зависност и рана појава на штетни последици.

Наодите исто така покажале дека оштетувањата на мозокот побрзо се развиваат кај жените отколку кај мажите.

– Утврдивме поголема атрофија на мозокот кај жените и мажите, во споредба со здрави испитаници во контролната група, рече професорот Ман.

Освен тоа, кај жените е утврдена подеднаква редукција на масата на мозокот како кај мажите, но во значително покус период на траење на зависноста од алкохол.

Овие резултати се потврда на претходните наоди за штетните последици на алкохолот, како ментални пореметувања, оштетувања на срцето и скелетната мускулатура и заболување на црниот дроб.

Познато е дека сите тие штетни последици се јавуваат порано кај жените отколку кај мажите, дури и кога тие се во значително помала мера изложени на алкохол, укажа професорот Ман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП