19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛоши навики кои ни ја уништуваат кожата на лицето

Лоши навики кои ни ја уништуваат кожата на лицето

kozalice

Кожата на лицето е чувствителна, а со неправилна нега и некои лоши навики може да ја уништиме. Чистото и негувано лице можете да го имате ако ги скратите овие лоши навики.

Секојдневно триење на кожата

Практикувањето пилинзи со длабинско триење на кожата секој ден не допринесува за чистење на кожата. Токму ваквиот третман на кожата има обратен ефект, предизвикувајќи мрсна кожа и избивање на акни. Чистете ја кожата секојдневно, користете благи пилинзи, но немојте да се „изживувате“ врз неа.

Шминка преку шминка

На огледалото не можете да забележите повеќе трага од шминката што сте ја нанеле утрината, а веќе дошло вечер и вие се подготвувате за излегување. И тука ја правите најголемата грешка, нанесувајќи нов слој на пудра и руменило врз остатоците од целиот ден. Ако вие не можете да забележите дека шминката се уште ви стои, вашата кожа ќе го почувствува тоа и реагира со иритација и акни. Затоа, задолжително исчистете го лицето пред нанесување на новата шминка.

Спиење со шминка

Без разлика колку ви се спие, колку сте уморни, легнувањето без да ја избришете шминката е забрането. Тоа е вистинска тортура за вашата кожа која ја прави валкана и мрсна.

Валкани четки за шминка

Четките за шминкање треба исто така да се одржуваат чисти и редовно да се мијат. Врз нив се наоѓаат остатоци од шминка, но и бактериите на вашето лице кои се наталожиле преку целиот ден, а со новото шминкање само ќе ги вратите на лицето.

Козметика со поминат рок на траење

Немојте да мислите дека на козметичките препарати времето ништо не им може, а втиснатиот рок на траење е само обид на производителите да ве натераат повеќе да купувате од нивните производи. Рокот на траење е ставен со причина, како на пример – производот е штетен ако се користи после означениот период. Задолжително фрлете ја шминката или производите за нега по истекување на рокот.

Негувањето на лицето е многу важна работа за да изгледате, не само убаво, туку и здраво. Внимавајте на замките кои ви делуваат навидум безопасни и запаметете дека ниту една шминка не може да го постигне здравиот сјај на вашата кожа и лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП