28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПретераното гледање телевизија му штети на мозокот

Претераното гледање телевизија му штети на мозокот

deca-televizija-mozak-ostecenja-foto-think-

Најновото јапонско истражување покажува дека ако децата претерано гледаат телевизија, тоа на нивниот мозок може да им предизвика штета, која станува поинтензивна доколку часовите поминати пред телевизорот постојано се зголемуваат. Истражувањето опфати 276 деца на возраст од 5 до 18 години кои во текот на денот гледале телевизија од нула до четири часа.

На сите деца по ова тестирање им бил скениран мозокот, а кај оние деца кои поминале најдолго време пред телевизорот се појавиле поголеми делови на сива маса во предниот дел на фронталниот лобус на мозокот.

Иако тоа не предизвикува тешки здравствени проблеми, сепак, придонесува децата да имаат послаба вербална интелигенција, велат научниците од Универзитетот Тохоку во Сендаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП