28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДанските служби ги предупредуваат пекарите: Внимателно со циметот

Данските служби ги предупредуваат пекарите: Внимателно со циметот

cimet

Внимателно со циметот, предупредуваат од данската Управа за ветерина и прехранбена индустрија кои сметаат дека познатите пецива со цимет ги кршат законите за зачини во Европската унија.

Управата открила дека данските пецива со цимет содржат двојно повеќе кумарин-хемиско соединение кое се наоѓа во циметот, отколку што законите дозволуваат.

Прекумерното внесување кумарин може да го оштети црниот дроб.

Управата побара пекарите да ја намалат количината на цимет што ја ставаат во тестото при подготовката на пецивата. Данските пекари упатија протест укажувајќи на престрогите правила во ЕУ.

За идниот месец е закажан состанок на Здружението на пекари во Данска и надлежните за да се разгледа потенцијално решавање на тој проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП