24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазмената со странство до декември 9,844 милијарди долари

Размената со странство до декември 9,844 милијарди долари

izvoz uvoz aa

Македонија до декември минатата година извезла стоки во вредност од 3,863 милијарди американски долари, а увезла за 5,981 милијарди долари.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,6 отсто, а трговскиот дефицит е 2,118 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други моторни возила за превоз на лица.

Најмногу стоки, 72,6 отсто се извезени во земјите-членки на Европската унија, по што следат земјите од Западен Балкан со 17,9 отсто. Земјите-членки на ЕУ се најзастапени и во увозот и оттаму се увезени дури 62,4 отсто од вкупно увезените стоки.

Македонија, 49,9 отсто од вкупната надворешно-трговска размена ја реализирала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП