23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Подобра прогноза за цел свет

ММФ: Подобра прогноза за цел свет

Christine Lagarde

ММФ ќе ја ревидира прогнозата за раст на светската економија, и тоа за отприлика три недели, а ова го изјави директорката на оваа институција, Кристин Лагард во Најроби. Сепак таа не ги наведе причините за оваа одлука.

Во последниот извештај од октомври, под името „Перспективите на светската економија“, ММФ ја намали прогнозата за раст, наведувајќи дека глобалната економија во 2013-та година остварила раст од 2.9 проценти, а во оваа година ќе оствари раст од 3.6 проценти.

Таквите прогнози се за 0.3 односно 0.2 проценти пониски од извештајот од јули, пренесува Франс Прес.

Лагард, исто така истакна, дека поради постепените промени во монетарната политика на американската централна банка, се забавува приливот на капитал на пазарите во развој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП