25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте невработеноста во Словенија

Расте невработеноста во Словенија

ljubljana

Словенија во декември 2013 година имала 124.015 регистрирани невработени лица, што е за 3,9 отсто повеќе од предходниот месец, а бројката е дури за пет отсто повеќе во однос на декември 2012 година, објави словенечкиот Завод за вработување.

Позитивен знак е тоа што во 2013 година порасна бројот на вработени 11,5 отсто, но невработеноста е зголемена во сите групи, а најмногу во категоријата на старост од 40-49 години и 30-39 години.

Во пораст е исто така и делот кај дојготрајно невработени лица, лица со пониско образование, како и процентот кај мажите.

За година дена невработеноста најмногу пораснала во областа Копра(8,8%), Љубљана(8,4%), Трбовља(8,4%), Цеље(5,7%) и Крањ(5,3%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП