16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 1.8 милиони слободни работни места во ЕУ

Над 1.8 милиони слободни работни места во ЕУ

eu

За првите седум дена од јануари во мрежата за посредување и информации при наоѓање на работа – „Европски услуги за вработување“ има регистрирани над 1,8 милиони испразнети работни места на територијата на Унијата.

Фирмите и работодавците од ЕУ кои бараат да вработуваат работници се над 32.500.

Најмногу испразнети работни места во ЕУ се регистрирани во Велика Британија – над 1,2 милиони. Во Германија има над 290 илјади слободни работни места. Во Белгија слободните работни места се над 63 илјади, во Шведска – над 44 илјади, во Франција и Австрија по околу 32 илјади. Во Исланд има 32 слободни места, во Лихтенштајн – 40, во Естонија – 50, а најмалку во Бугарија –  само 4 испразнети работни места за луѓе кои бараат работа на територијата на ЕУ.

Во земјите од ЕУ во кои луѓето најмногу бараат работа е Шпанија со околу 318 илјади невработени, кои со помош на програмата „Европски услуги за вработување“ бараат егзистенција во Унијата. На второ место се Италијанците со над 185 илјади луѓе.

Следат Португалија и Романија – околу 85 илјади невработени, Полска – 63 илјади, Германија – 46 илјади, Грција – 42 илјади, Франција – 41 илјада. Според податоци на програмата „Европски услуги за вработување“ – над 126 илјади луѓе бараат работа во областа на администрацијата, економијата и правото. Во сферата на купо-продажбата има 84 илјади кандидати за работа, а во хотелскиот и ресторанскиот бизнис, кандидатите се околу 81 илјади, за техничка поддршка – 76 илјади, во сферата на информатичката технологија – околу 52 илјади, во градежништвото – 47 илјади, во транспортот – 44 илјади и во областа на индустриското производство – околу 39 илјади.

Меѓу најчестите квалификации на луѓето кои бараат работа се „управување со проекти“ – над 154 илјади луѓе, во областа на истражување и анкета – над 147 илјади, во областа на управувањето – 126 илјади, во областа на телекомуникациите – над 70 илјади, сметководители и касиери – околу 40 илјади , дизајнери – околу 35 илјади.

Над 1150 компании бараат системски инженери и програмери во ЕУ, околу 870 фирми бараат готвачи, други 810 бараат келнери и бармени. Машински инженери и техничари се бараат од 736 компании, продавачи се бараат од 680 компании, електроинженери и техничари – од над 550 компании. Ова го покажуваат податоците на мрежата – „Европски услуги за вработување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП