19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриен еден од клучните причинители за аутизaм

Откриен еден од клучните причинители за аутизaм

autizam

Наспроти бројните истражувања кои со години се водат во светот, научниците се уште не можат јасно да дефинираат кои се причинителите за појава на
аутизмот.

Експертите главно сметаат дека тие можат да се поделат во две групи кои се засноваат на генетското наследство и влијанието на средината.

Новото истражување објавено неодамна во списанието „Journal od Autism and Developmental Disorders“, токму покажува дека со доминантните генетски фактори, и одредени фактори од
средината, односно тешки инфекции за време на бременоста значително го зголемуваат ризикот од аутизам.

Студијата споредила 407 деца со аутизам со 2.075 здрави деца.

Резултатите откриле дека ризикот за појава на аутизам бил за 58 отсто поголем кај мајките кај кои во текот на хоспитализацијата се утврдени некои бактериски воспаленија – на
гениталии, уринарен тракт или на амниотската течност која го опкружува фетусот.

Иако не биле изразено чести ниту во една од двете групи мајки (1,5 отсто кај мајки со деца со аутизам наспроти 0,5 отсто кај мајки на деца без аутизам), инфекциите дијагностицирани во
второто тримесечје на бременоста се поврзани со тројно поголем ризик на развој на аутизам.

Лидерот на истражувањето Усени Зербо, смета дека со аутизам може главно да се поврзат само тешки воспаленија.

Научниците се уште не можат со сигурност да кажат на кој начин инфекциите би можеле да влијаат на ризикот од развој на аутизам. Но, Зербо истакнува дека тестовите врз животни
откриле дека реакциите на имунолошкиот систем на процесот на воспаленија за време на бременоста, можат да делуваат на невролошкиот развој на плодот.

– Иако голем број инфекции за време на бременоста не се поврзани со аутизам, нашите откритија покажуваат дека тие сепак го зголемуваат ризикот од негов развој, вели Зербо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП