20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите влегуваат во битката за Мата

Ѓаволите влегуваат во битката за Мата

mata goal

Откако се појавија гласините според кои Наполи и Барселона пројавуваат интерес кон играчот на Челзи, Хуан Мата, а според најновите информации и Манчестер Јунајтед влегува во битката за шпанскиот фудбалер.

Се шпекулира дека „црвените ѓаволи“ имаат намера да ја искористат предноста на проблематичниот однос меѓу Мата и менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо и така да го доведат Шпанецот во своите редови. Покрај тоа неодамна менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“ Дејвид Мојс изјави дека Јунајтед ќе прави селекција само од навистина докажани играчи.

Потсетуваме дека за време на дуелот на Челзи против Саутемптон (3:0) Мата ја прикажа својата негативната емоција кон Мурињо. Тој остро реагираше откако беше заменет, а по натпреварот, „Специјалниот“ изјави дека не би сакал да се раздели со Мата, но додаде дека сепак вратата на лондончани е отворена за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП