28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДиетални намирници кои заситуваат

Диетални намирници кои заситуваат

artichoki555

Одржувањето на линијата или слабеењето не мора секогаш да е поврзано со гладување, всушност правило е дека и не треба, бидејќи метаболизмот се забрзува со внесување храна, само треба да ја изберете вистинската.

Изборот на вистинските намирници е главната тајна во намалувањето на телесната тежина, бидејќи во ниту еден момент не треба да бидете гладни, а не треба ни да внесувате храна која има многу калории, масти и која ќе ве здебели, но не и засити. Еве неколку намирници кои ќе ви дадат чувство на ситост, ќе ви го намалат апетитот или дури ќе ви помогнат во слабеењето.

Артичоки

Артичоките се одличен зеленчук кој може да ви ја „разведри“ исхраната, а при тоа да не ви дозволи да се прејадете. Консумирајте ги како предјадење, бидејќи се богати со влакна кои ќе ве заситат и ќе направат помалку да изедете за ручек, а имаат само 60 калории.

Овесни снегулки

Многу богат звор на влакна што од друга страна овозможува големо чувство на ситост. Вкусот може да се подобри со додавање на овошје по ваш избор.

Круши

Крушите можете да ги консумирате готвени како топол десерт или свежи, но во секој случај практикувајте по една дневно, бидејќи не само што се здрави, туку помагаат и во слабеењето, благодарение на состојката пектин.

Домати

Доматите се нискокалоричен извор на енергија и здравје. Можете да ги консумирате варени, печени или во вид на супа, а тие ќе ви овозможат малку калории и ситост. Од друга страна, доматите се и здрави, бидејќи докажано ги намалуваат шансите за срцеви или хронични болести.

Феферони

Лутите пиперчиња освен што ја „горат“ вашата уста, ги согоруваат и вашите калории, и тоа двојно побрзо од вообичаеното. Благодарение на антиоксидансот со име капсаицин, количината на потрошени калории двојно се зголемува, ја забрзува оксидацијата на мастите, а одредени студии докажале и дека го намалува апетитот.

Грејпфрут

Ако редовно ги следите вестите и препораките за слабеење и држење диети, тогаш веќе сте запознаени со моќта на грејпфрутот. Имено, само половина грејпфрут консумиран со секој оброк просечно ви намалува 1,5 килограми, исто како кога би испиле 3 чаши сок од грејпфрут дневно. Во ова истражување, поголемиот дел од испитаниците изгубиле и до пет килограми, без да вметнат некакви други промени во исхраната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП