28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMеси е 2,5 пати повреден од Роналдо!

Mеси е 2,5 пати повреден од Роналдо!

mesi ronaldo

400 милиони евра е бројката според која беше оценета пазарната вредност на аргентинскиот ас на Барселона, Лионел Меси.

Ова го прави 2,5 пати поскап од големиот конкурент Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, кој доби оценка меѓу 150 и 160 милиони евра.

Овие бројки беа соопштени од професорот Херардо Молина, експерт за спортски маркетинг во компанијата „Euromericas Sport Marketing“, која била задолжена да ја утврди точната цена на Меси. Истражувањето е нарачано од три европски клуба, чии имиња професорот не ги споменува, но навестува дека едниот е ПСЖ.

„Еден од клубовите е спонориран од Влада и е подготвен да плати 400 милиони евра. Според нивниот фонд овие 250 милиони кои се во клаузулата за одрекување на Меси пред истекот да неговиот договор во 2018-та година, изгледаат малку, па дури се потценува неговата пазарна вредност. Нема повредни од него во светот на спортот во денешно време“, тврди Молина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП