25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо ќе ја добие највисоката државна награда во Португалија

Роналдо ќе ја добие највисоката државна награда во Португалија

heroa

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо ќе ја добие највисоката државна награда како еден од симболите на Португалија, соопшти денеска Анибал Силва од претседателскиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека Роналдо ја заслужил наградата поради тоа што на најдобар можен начин ја претставува Португалија насекаде во светот и им служи за пример на помладите генерации.

Роналдо е член на Реал Мадрид, а за националниот португалски тим има одиграно 109 натпревари и постигнато 47 голови.

Најзначајни достигнувања со португалската репрезентација му се второ и трето место на Европските првенства 2004 година во Португалија, односно 2012 година во Полска и Украина.

Признанието на Роналдо ќе му биде врачено на 7 јануари од страна на принцот Хенри во претседателската палата во Лисабон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП