29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS зaгуби повеќе од две милијарди франци

UBS зaгуби повеќе од две милијарди франци

ubs1

Банката „UBS“ минатата година ја заврши со загуба од 2,2 милијарди франци, во споредба со профитот од 4,4 милијарди евра на крајот на 2011 година, објави швајцарската банка.

Во последниот квартал од минатата година, нето загубата на „UBS“ изнесуваше 1,9 милијарди франци, поради трошоците за тужби и реструктирањето на банката која беше потресена од низа скандали.

Четвртиот квартал од 2011 година „UBS“ го заврши со профит од 324 милиони франци.

Банката со седиште во Цирих, наведе дека загубата во четвртиот квартал од 2012 година во голема мера е последица од „трошоците за судските спорови, регулаторните прашања, трошоците за реструктуирање, како и загубата од кредитите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП